logo
logo
logo

„МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ПОДЕЛИ – ЕДНИ ЌЕ ТРГНАТ СО АЛБАНИЈА, А ДРУГИ СО БУГАРИЈА“ Ахмети предвидува распад ако земјава скршне од патот кон ЕУ

Vecer | 25.09.2025

„МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ПОДЕЛИ – ЕДНИ ЌЕ ТРГНАТ СО АЛБАНИЈА, А ДРУГИ СО БУГАРИЈА“ Ахмети предвидува распад ако земјава скршне од патот кон ЕУ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа од Тетово му се обрати директно на премиерот Христијан Мицкоски, предупредувајќи го дека евентуалното скршнување од патот кон ЕУ ќе предизвика поделби на Македонија.

„Ако не го продолжи Македонија својот пат кон ЕУ, тогаш граѓаните на оваа земја нема да имаат друг избор освен некои да одат со Албанија, а другите со Бугарија!“, објави информативниот портал на албански јазик Тетова сот во својата вест со наслов „Али Ахмети: Ако Македонија не влезе во ЕУ, тогаш некои ќе бидеме со Бугарија, некои со Албанија“

Еве што друго изјави Ахмети:

– Денес во Тетово беше нашиот изборен штаб, означувајќи важен чекор во историскиот плебисцит, што нè очекува. Оваа извонредна мобилизација е доказ дека Албанците се обединети, решени и подготвени да ги бранат достоинството, еднаквоста и европската иднина на земјата. Обединувањето на политичките сили во овој сојуз е нашиот најсилен одговор на предизвиците, кои ги сервираат ‘задоцнетите патриоти’. Знаеме дека не е лесен нашиот пат, но нашето единство е гаранција оти никој не може да нè запре. Овој плебисцит не е за една партија, ниту за еден поединец, туку за сите Албанци и за нашата земја – изјавил Ахмети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk