logo
logo
logo

ЗЕЛЕНСКИ МУ ДАВА ДЕЛ ОД УКРАИНА НА ПУТИН?! Шокантна вест - се согласи на БОЛЕН УСЛОВ заради мир, бара гаранции од Европа и Трамп (ВИДЕО)

Vecer | 21.10.2026

ЗЕЛЕНСКИ МУ ДАВА ДЕЛ ОД УКРАИНА НА ПУТИН?! Шокантна вест - се согласи на БОЛЕН УСЛОВ заради мир, бара гаранции од Европа и Трамп (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека ќе прифати мировен договор што ќе ја замрзне војната по сегашната линија на фронтот, оценувајќи го како реалистичен начин за запирање на борбите.

Тој во емисијата на Фокс ТВ рече дека во тој случај, Украина ќе побара безбедносни гаранции од американскиот претседател Доналд Трамп и европските сојузници, со цел да се обезбеди мир и безбедност.

„Минимумот што ни е потребен од Русија“

- Ние го нарекуваме прекин на огнот, или запирање на убивањето, како што го нарече претседателот Трамп. Замрзнување и запирање и, секако, тоа е минимумот од она што ни е потребно од Русија денес - рече Зеленски.

На овој начин, тој јавно поддржа рамка за прекин на огнот што би ја оставила Русија под контрола на териториите што ги окупира во моментов, додека преговорите би продолжиле, проценува Фокс њуз.

Кога го праша водителот дали би прифатил мировен договор што би ја замрзнал ситуацијата каква што е сега, а воедно би задржал 75 проценти или повеќе од неговата земја, Зеленски одговори да, додавајќи дека тоа е реалистичен начин да се заврши оваа војна.

Тој нагласи дека таков крај би бил само првиот чекор, нагласувајќи дека секој договор би морал да содржи цврсти гаранции за да се спречи Русија повторно да започне војна.

- Секако, тоа е минимумот од она што ни треба од Русија денес. После тоа, ќе се обратиме до американскиот претседател и Европејците со барање за безбедносни гаранции, нагласи украинскиот лидер.

Транзиција кон преговори

Зеленски го претстави замрзнувањето на фронтовската линија како начин за премин од борбени операции кон преговори, а не како конечно територијално решение.

Тој исто така верува дека тоа би било алатка што би помогнала во обновата на Украина.

- Ни требаат 9,5 милиони луѓе расфрлани насекаде. Ни требаат да се вратат во Украина, едноставно да живеат тука и да ја изградат својата земја, рече Зеленски.

Неговите изјави доаѓаат во време кога американскиот претседател Доналд Трамп го засилува притисокот врз Киев да постигне договор со Москва.

Тој постојано ја промовираше идејата за прекин на борбите по постојната фронтовска линија додека Русија продолжува да тврди дека има контрола врз дополнителни украински територии, вклучително и делови од регионот Донецк што нејзините сили моментално не ги држат, објави Фокс њуз.

Двете страни остануваат многу оддалечени од своите ставови околу конечниот статус на окупираните територии и обликот на кој било повоен безбедносен аранжман.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk