Латас: ИМА ЛИ КОЈ ДА МУ ОБЈАСНИ НА ФИЛИПЧЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ВО СРБИЈА. Нека чита британски Телеграф

Vecer | 28.10.2026

Латас: ИМА ЛИ КОЈ ДА МУ ОБЈАСНИ НА ФИЛИПЧЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ВО СРБИЈА. Нека чита британски Телеграф

Филипче и СДСМ прогласија “своја победа“ и после изборите во Србија. Затоа што загубила партијата на Александар Вучиќ.

Три дена гледам и чекам некој на Филипче и СДСМ, кои се во опозиција, да им објасни што воопшто таму се случило. Да им даде политичка и математичка дефиниција.

По парламентарните избори во Србија претходната опозиција, како што се СДСМ и Левица сега, загубија тотално. Имаат НУЛА пратеници во собранието. Коалицијата Европска Србија на таа бучна опозиција имаа - заедно: Европска Србија 0,28%. Да повторам - 0,28%!!! И тоа како коалиција од три партии завршија со вкупно 15.000 гласови.

Тоа е листа предводена од Мариника Тепиќ, една од најактивните во блокадите, листа на која финансиски и медиумски и помагаше и Драган Ѓилас, соработник и идеолошки партнер на Зоран Заев и Венко Филипче.

Филипче посакува такво сценарио и во Македонија. Па, по тоа сценарио, тие од улица би победиле, ВМРО ДПМНЕ од 58 би имал 50 пратеници, а СДСМ и Левица би имале - НУЛА пратеници.

Да сум Филипче, а не би сакал да бидам, не би наседнувал така лесно на пропагандата од бугарските портали и медиуми кои го поттикнуваат и му ги градат ставовите и во оваа прилика. Помеѓу останатото и затоа што ние десет години пред Србите го видовме тој филм, и го знаеме текот но, за жал и последиците.

Патем, од три скандали кои најмногу се вртеа на протестите поврзани со Александар Вучиќ беше и плантажата за марихуна “Јовањица“ која, според протестите, е создавана и користена во соработка со Зоран Заев. Кој заборавил, има на интернет се за тоа.

Толку од мене за нив, бесплатно.

За повеќе од ова на располагање им се нивните преплатени експерти од соросоидниот камп. Мене би ми било незгодно да им земем толку пари а да им испорачам порази, срам, презир и дезориентација во која состојба се сега.

Што се однесува до српските избори немам свој став и коментар, па би ги упатил на проверен извор, на британскиот Телеграф, највлијателен политички медиум во Европа, на овој линк:

https://www.telegraph.co.uk/news/2026/10/26/serbia-aleksandar-vucic-lost-dont-count-him-out/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk