ДОНЕСОА ЛУЃЕ ОД НАДВОР КОИ НЕ ЖИВЕАТ ВО БРВЕНИЦА: ВМРО-ДПМНЕ е задоволна од резултатот, им честиташе на противниците за победата (ВИДЕО)

Vecer | 01.11.2026

ДОНЕСОА ЛУЃЕ ОД НАДВОР КОИ НЕ ЖИВЕАТ ВО БРВЕНИЦА: ВМРО-ДПМНЕ е задоволна од резултатот, им честиташе на противниците за победата (ВИДЕО)

Кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Аркин Јахији, предводена од ДУИ, е победник на вонредните избори за градоначалник во Општина Брвеница.

Тој освоил 4.379 гласови, а кандидатот Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освоил 4.178 гласови.

Според пребројаните гласови, имало 203 неважечки ливчиња.

На вториот груг од гласањето излезноста беше поголема за околу 10 % во однос на првиот круг.

Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ, туку во вториот круг од локалните избори застанала зад кандидатот на НАИ.

Стојаноска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во првиот круг го поддржале својот кандидат Стојанчо Радичевски, додека Вреди настапила со сопствен кандидат, за во вториот круг да се приклучи кон кандидатот на НАИ.

– Видете, јас не верувам дека Вреди е некој голем фактор во општина во Брвеница, впрочем, тоа го покажаа и резултатите од првиот круг на изборите тука. Инаку, јасно, ние на овие избори работевме одделно, односно, нашата партија заедно со коалицијата Твоја Македонија застана зад нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, додека Вреди во првиот круг работеше за нивниот кандидат, а во вториот круг одлучи да се приклучи на кандидатот на НАИ – рече таа.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки вечерва изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е победник, бидејќи ги повтори гласовите од првиот круг, бидејќи нудеше проекти и решенија за жителите на Брвеница. Тој им честиташе на противниците кои остварија победа во овој изборен циклус.

-Донесоа луѓе од надвор, кои не живеат тука и против бројките не се може, посочи Ковачки.

Тој им се заблагодари на сите кои дадоа поддршка за овие вонрдени избори за градоначалник на општина Брвеница.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk