Нов граничен скандал ги запали социјалните мрежи откако автомобил, за кој се тврди дека е сопственост на познатата компанија „Тотал инженеринг“ од Струмица, поврзана со Вице Заев, е снимен како ја претекнува колоната возила на граничниот премин и запира на пасошка контрола на пункт каде што никому не е дозволено!
Целиот инцидент го обелодени сведокот Јохан Елзесер, кој трпеливо чекал во колоната додека граничната полиција ја вршела секојдневната контрола. Револтиран од привилегираното однесување, тој веднаш објавил фотографии од спорното возило на социјалната мрежа „Фејсбук“, упатувајќи директно прашање до министерот за внатрешни работи: по кој основ „господинот без коса“ добива право да поминува преку ред и да ги заобиколува законите што важат за обичниот народ?
Додека стотици граѓани со часови чекаат за да ја минат границата, локални моќници уште еднаш покажаа дека за нив забраните и чекањето едноставно не постојат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата