Во нов случај на врсничко насилство тешко повредено е 14-годишно дете нападнато во училиште во Тетовско.
Како што соопшти СВР Тетово, кај нив вчера во 12:30 часот од Ургентен центар Тетово е пријавено дека примиле 14-годишно малолетно дете од с.Милетино со тешки телесни повреди здобиени при физички напад од негов врсник во кругот на училиштето.
Од тетовската полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата