Латас: КОЈ ГО ПРОДАДЕ КУЧАТА ТОЈ ГО ПРОДАДЕ И ДРЖАВАТА

Vecer | 03.11.2026

Латас: КОЈ ГО ПРОДАДЕ КУЧАТА ТОЈ ГО ПРОДАДЕ И ДРЖАВАТА

Касами најави нова општинска зграда за Тетово чија градба е проценета на 28 милиони евра. Да не е многу тоа?

Наше Скопје, престолнината, има градски бараки. Ризик за зараза и уривање за вработените и сите присутни. Нема градска зграда.

Имаше Скопје Градска куќа што ја градеше Коце Трајановски но, Петре Шилегов од СДСМ ʼго продаде кучатаʼ за 12 милиони евра кои се потрошија по разни невладини проекти на СДСМ, куќа за пингвини, веб сајт од 75.000 евра, позлатени тревници… и така натаму.

Скопје е град без градска куќа. Нема педа во оваа земја која не е претворена во пепел каде што СДСМ стапнал.

П.С. Што стана со парите и кредитите без покритие што завршија од пропаднатата Еуростандард банка во и околу Струмица?

Ни СДСМ ни Левица не ги слушнав да побараат одговорност, присилна наплата на лажните кредити. Судење за учесниците.

Левица имале заробени пари во Еуростандард банка но, ете, молчат за скандалот и не притискаат за постапката. Да не ги подмирил некој нивните загуби во банката за да не дигаат галама?

СДСМ и Левица молчат и за постапка за нивната министерка за финансии Нина Ангеловска која искористила службена положба за навремено, непосредно пред затварањето, да ги повлече од банката своите 240.000 евра. А битно е и каде замина, и што се случува со нејзините бизниси потоа. Но, за тоа во свое време.

Од Алта банка Битола не фали ни едно евро, ни еден денар. На време е заклучена и парите се безбедни. И наскоро секој ќе си ги располага своите пари од таму.

Од Еуростандард фалат 75 милиони евра кои од државата се плаќаат како гаранција на штедачите и 25 милиони евра проневерени според обвинението.

Кој го продаде кучата тој го продаде и државата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk