Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) и американските сили на Блискиот Исток се подготвени да започнат нови, потенцијално големи воени операции против Иран во рок од 96 часа од добивањето наредба од претседателот Доналд Трамп, изјавија за Си-ен-ен двајца неименувани американски функционери.
Според нив, САД веќе распоредиле доволно воени сили во регионот за да извршат евентуални напади, чиј обем би можел значително да ги надмине претходните операции насочени кон уништување на иранските радари, ракетни лансери и други воени капацитети што Техеран може релативно брзо да ги обнови.
Еден од американските претставници наведе дека „тоа ќе биде голема операција“.
Други сегашни и поранешни американски функционери запознаени со воените планови на Вашингтон дадоа слични процени.
Aмериканските функционери признаваат дека новите операции би можеле да бидат посложени, бидејќи иранските сили сега се подобро запознаени со американските воени тактики, што го отежнува уништувањето на сите наменети цели.
Според нив, Трамп сè уште не донел конечна одлука за неговите следни чекори по изборите за Конгресот, но некои извори тврдат тој ќе одобри поширока воена операција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата