Иванов: Да го чуваме и градиме сето тоа што го имаме, тоа е нашата татковин

Vecer | 11.10.2026

Иванов: Да го чуваме и градиме сето тоа што го имаме, тоа е нашата татковин
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со своја објава на социјалните мрежи, го честиташе 11 Октомври. Во неговата честитка, која интегрално ја објавуваме, се вели:

„Почитувани граѓани на Република Македонија,

Годинава одбележуваме 85 години од 11 Октомври 1941 -та, од денот кога македонскиот народ се дигна на востание за ослободување на Македонија од нацистичкиот и фашистичкиот окупатор. Нашите храбри борци и херои се впуштија во борба, за да ни ја донесат слободата и сонот за формирање на македонска држава.

Преку оваа борба, нашиот народ на најдобар можен начин го покажа и докажа својот државотворен капацитет и право на изградба на самостојна, суверена и слободна држава. Токму со 11-ти Октомври и НОБ, застанавме на страната на антифашистичката коалиција. Македонските граѓани сплотени и заеднички знаеа да го изберат доброто, наспроти злото, правдата наспроти неправдата и непоколебливо и цврсто да застанат против фашизмот како едно од најголемите зла во човечката историја. Затоа, како што се изборивме за слободата, државноста и независноста, така денес треба да се бориме за чување на придобивките и градење на просперитетна иднина за нашите потомци.

На овој голем празник, уште еднаш да се потсетиме и да им се заблагодариме на сите наши херои кои учествуваа во остварувањето на стремежот за слобода, државност и независнот. Нам ни останува да го чуваме и градиме сето тоа што го имаме. Тоа е нашата татковина, една и единствена Република Македонија. Нека ни е честит и вековит 11ти Октомври!

Да живее Република Македонија!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk