Остар говор на европратеник

“ЕУ САМАТА ГИ ГАЗИ ПРАВАТА, А Ѝ ДЕЛИ ЛЕКЦИИ НА МАКЕДОНИЈА“

Vecer | 08.11.2026

“ЕУ САМАТА ГИ ГАЗИ ПРАВАТА, А Ѝ ДЕЛИ ЛЕКЦИИ НА МАКЕДОНИЈА“
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Ништо не ја разоткрива лицемерноста на институциите на ЕУ појасно од фактот што тие постојано ги малтретираат земјите – кои всушност би требало да ги приближуваат кон Европската унија – поради наводни прашања поврзани со човековите права, додека истовремено, за да ги остварат сопствените политички интереси, намерно ги разградуваат истите тие права и владеењето на правото во рамките на своите земји-членки.Ова е ставот кој во јавен говор го искачува унгарскиот европратеник Балаж Орбан во врска со годишните извештаи за напредокот на ЕУ за земјите кандидати.

Балаж Орбан вели дека на Македонија и на Србија им се држат лекции додека правата се газени внатре во Европската Унија: во Полска полицијата упадна во Уставниот суд, додека во Унгарија новата влада забрани политички противници.

,,А сепак ние држиме лекции на Србија и Македонија за владеењето на правото и ги држиме пред врата.

Овој очигледен двоен стандард ризикува да ги оддалечи земјите од Западниот Балкан, во момент кога Европа има поголема потреба од нив во ЕУ отколку што тие имаат потреба од нас“, вели Орбан

Унгарскиот европратеник Балаж Орбан ја обвинува ЕУ за очигледни двојни стандарди во врска со владеењето на правото и заклучува дека ЕУ ризикува да ги оддалечи земјите од Западниот Балкан”, вели тој во видеото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk