ПОПРАВЕН ДОМ ЗА ТИНЕЈЏЕРКИТЕ кои малтретираа девојче во Ѓорче

Vecer | 11.11.2026

ПОПРАВЕН ДОМ ЗА ТИНЕЈЏЕРКИТЕ кои малтретираа девојче во Ѓорче
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Четирите тинејџерки против кои се водеше постапка за бруталното насилство врз 13-годишно девојче во скопската општина Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом, објави Скопје1.

Според информациите, судија за деца во Основниот кривичен суд Скопје изрекол мерка во траење од една година за првообвинетата малолетничка, додека за останатите три мерката е во траење од по осум месеци.

Одлуката сè уште не е правосилна, туку е во фаза на писмена изработка и сè уште не е доставена до странките.

Случајот ја вознемири јавноста откако во група деца во два наврати физички малтретирале 13-годишно девојче, ученичка во основно училиште во Ѓорче Петров, додека дел од присутните го снимале насилството со мобилни телефони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk