ЕСКАЛАЦИЈА НА МЕЃУЕТНИЧКО НАСИЛСТВО ВО ТЕТОВО - Деца Албанци малтретираат врсници Македонци

Vecer | 05.11.2026

ЕСКАЛАЦИЈА НА МЕЃУЕТНИЧКО НАСИЛСТВО ВО ТЕТОВО - Деца Албанци малтретираат врсници Македонци

Изминатите недели во Тетово е забележан загрижувачки бран на меѓуетничко врсничко насилство во кој малолетници на возраст до 14 години физички ги напаѓаат, вознемируваат и малтретираат своите соученици. Нападите претежно се случуваат за време на школските одмори или попладне, а насилниците ги снимаат инцидентите и ги објавуваат на социјалната мрежа ТикТок во специјални групи како дел од бизарни социјални предизвици, пишува СДК.

Родителите на нападнатите деца изразуваат огромен револт и страв за нивната безбедност, посочувајќи дека децата им се пресретнуваат пешки или на електрични тротинети, физички се напаѓаат, им се соблекува облеката и се принудуваат на понижувачки изјави пред камера. Некои од родителите јавно алармираа и обвинија за спорно и споро постапување на полициските органи, иако децата-жртви ги препознале сторителите.

Тимот за правда на децата при Центарот за социјални работи (ЦСР) Тетово интензивно работи со малолетниците и нивните родители. Според нив, во позадината на инцидентите нема директна политика, туку навивачка еуфорија и влијание од проблематични поединци. Од ЦСР Тетово прстот го посочуваат директно кон стручните служби и раководствата во училиштата кои не реагираат навремено на девијантното однесување за време на одморите и ги игнорираат превентивните обуки, испраќајќи ги примерните наместо проблематичните деца.

Од МВР и СВР Тетово ги отфрлаат обвинувањата дека ги игнорираат пријавите и информираат дека се регистрирани 12 случаи на инциденти помеѓу малолетници. Расчистени се 5 случаи за кои против родителите се поведени прекршочни постапки бидејќи децата се под 14 години, а за постарите малолетници веќе се поднесени 2 кривични пријави до ОЈО Тетово. Полицијата исто така соопшти дека ги засилила патролите околу училиштата и низ градот со цел спречување на нови инциденти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk