Француски лингвист во 20. век ЈА ПОТВРДУВА ПОСЕБНОСТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Vecer | 11.11.2026

Француски лингвист во 20. век ЈА ПОТВРДУВА ПОСЕБНОСТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Антоан Меје (Аntoan Meillet 1866 – 1936), еден од најзначајните и највлијателните европски лингвисти на 20 век и професор на Колеж де Франс и Сорбона, во своите научни трудови понуди фундаментална анализа за македонскиот јазичен простор. За разлика од тогашните пропагандни и публицистички материјали, научниот авторитет на Меје овозможи објективно согледување на јужнословенските јазици. Тој отворено и со научни аргументи ја отфрли можноста македонските говори да се сведат на обична регионална варијанта или дијалект на српскиот или бугарскиот јазичен систем, сместувајќи ги како засебна целина во поширокото јужнословенско семејство.

Францускиот славист ги користи термините „македонски говори“ и „говорите на Македонија“, препознавајќи ја богатата дијалектна разновидност во рамките на македонскиот јазичен простор. Меје ја отвора и политичката димензија на ова прашање, истакнувајќи дека македонските говори не му припаѓаат ниту на српскиот ниту на бугарскиот систем, и покрај интензивните обиди на соседните пропаганди и учители од крајот на 19 век да ги искористат јазичните прашања за територијални претензии. Во своето дело „Јазик и нација“, Меје нагласува дека јазикот е првиот и најјасен белег за распознавање на еден народ, со што понуди лингвистичка основа која ја потврдува посебноста на македонскиот идентитет и говорен простор.

Значењето на Меје не се исцрпува со неговиот конкретен осврт на македонските говори. Во истата книга, во поглавјето “Јазик и нација“ тој изложува ставови кои, се особено важни за разбирањето на македонското прашање. „Јазикот е првиот и најасниот белег, според кој се разликува една нација. Онаму каде што се бришат јазичните разлики, има тенденција да се бришат и националните разлики.“ – посочува Меје, нагласувајќи дека не ја сведува нацијата само на јазикот. Во својата лингвистичко-идентитетска концепција тој ги зема предвид и историската свест, и чувството на припадност на еден народ.

Мора да се има предвид фактот дека фактот Меје ја признава македонската јазичната посебност, но не употребува термин „македонски јазик“. Во неговата студија преовладуваат термините „говори на Македонија“ ( les parlers de Macédoine“) и „македонски говори“ („parlers macédoniens“). Меје не ја прогласува македонската нација. Во конкретниот текст нема изричен исказ за Македонците како нација. Неговата анализа е првенствено лингвистичка, а не етнополитичка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk