СЕ ПОЈАВИ ДОКУМЕНТОТ - Записник од седницата кога владата на Ковачевски дозволува влез на Алта банка во Македонија

Vecer | 11.11.2026

СЕ ПОЈАВИ ДОКУМЕНТОТ - Записник од седницата кога владата на Ковачевски дозволува влез на Алта банка во Македонија
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Претходната влада на СДСМ и ДУИ влегла во деловни односи со Алта банка - Белград и лицето Давор Мацура во Србија уште во 2023 година кога на владина седница била донесена одлука да го овласти државниот правобранител во име на владата да ги отуѓи акциите што Македонија ги имала во српска банка, која Алта банка ја купува. Тогаш државата влегла во деловен однос со Алта банка и Давор Мацура. Купувањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка не е поврзано во никој случај со сегашната Влада бидејќи станува збор за две правни лица и трансакцијата е во согласност со сите прописи, закони и со Уставот.

На ваков начин, како што брифира денеска премиерот Христијан Мицкоски, паѓа првата и носечка теза на опозицијата дека сегашната Влада дозволила лицето Давор Мацура преку Алта банка - Белград да влезе во Македонија

Во извадок од записникот од 194-тата седница на владата одржана на 24 октомври 2023 година, што ја води Димитар Ковачевски, а присутни биле половина од пратениците од актуелната пратеничка група на СДСМ, тогашни министри, може да се види дека на предлог на министерот за финансии Фатмир Бесими се барало од владата да го овласти Државното правобранителство да ѝ ги отуѓи на Алта банка - Белград акциите што државата ги има во банката во Србија како резултат на сукцесијата на поранешна Југославија.

Така што, како што вели премиерот, лицето Давор Мацура и Алта банка не се појавуваат во 2025, тие првпат се појавуваат на дневен ред во зградата на Владата во 2023 година за време на владата на СДСМ и ДУИ.

Мицкоски потенцира дека владата не можела да се меша во трансакцијата за купување на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка затоа што така би ја нарушиле пазарната економија. Ако ние кажуваме кој да работи, а кој не, реципрочно тоа може да го направат и во Србија и наши компании да не може да работат со земјата, со што последиците за Македонија би биле големи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk