Бобан Утковски, директор на скопскиот затвор во Шутка, поднесе оставка. Тој за ТВ 24 потврди дека ја поднел оставката, како што вели, поради лични причини.
Оставка веќе е доставена до Владата и ќе биде разгледана на некоја од следните владини седници.
Утковски беше именуван за в.д. директор на скопскиот затвор на крајот на јули 2024 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата