Премиерот Христијан Мицкоски најавува дека делницата Прилеп–Битола треба да биде завршена во предвидениот рок. Во план е и изградба на обиколницата околу Битола, поврзување со граничниот премин Меџитлија, но и директно поврзување на експресниот пат со автопатската делница што се гради на Коридорот 10Д.
„Во рамки на рокот очекувам да биде завршена делницата Прилеп – Битола. Се планира обиколницата околу Битола и поврзување со граничниот премин Меџитлија и преговараме со изведувачот на работите на Коридорот 10Д и она што го имаме во план е да најдеме начин како да го поврземе местото кадешто завршува експресниот пат со автопатската делница којашто во моментот се гради. Во моментот тоа е наш приоритет“, рече премиерот Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата