Скопје и стадионот „Тодор Проески“ се запишаа меѓу првите места каде е одржан светски перформанс на мега ѕвездата Дејвид Гета.
После Париз и Марсеј, Скопје се покажа како европски град и престолнина која може да организира и изведе стадионски концерт за 50.000 публика беспрекорно.
Се беше на светско ниво, сите кои присуствуваа - дожевеаа спектакл и коментарот беше „како да не се случува во Скопје“ - ама се случи.
50.000 млади грла денсаа и пеаа, се журкаа, сите кои бевме присутни таму утре ќе имаме насмевки на лицата, позитивни болки од денсање и зарипнти грла од пеење на светските хитови преработени во DJ верзија.
Ваков спектакл Македонија немала во сите концертни сезони досега. Имала Плоштад, сали и ливади, хиподроми, но ова е првиот вистински спектакл на стадион.
The Monolith Stadium Tour (исто така позната како The Ultimate Monolith Show) е името на големиот стадионски перформанс и светската турнеја на познатиот диџеј Дејвид Гета. Овој аудио-визуелен спектакл е препознатлив по својата масивна сценографија во форма на монолит и најсовремени светлосни ефекти.
Во текот на 2026 година, турнејата го достигна својот врв со неколку историски настапи на европските стадиони:
Stade de France (Париз): Гета одржа три последователни распродадени концерти на 11, 12 и 13 јуни 2026 година пред речиси 100.000 луѓе по вечер, што се воедно и првите соло концерти во неговата кариера на овој стадион. Цените на билетите за овие историски вечери се движеа од околу 50 евра за најевтините трибини до 117 евра за златната зона (Каре Ор).
Регион и Европа: Покрај Париз, турнејата опфати и стадиони како што се „Stade Vélodrome“ во Марсеј и Националната арена „Тодор Проески“ во Скопјe (8 септември 2026 година), како и големи отворени простори како што е „Хиподромот Сан Сиро“ во Милано.
Македонија барем час и половина звучеше европски и дел од светот. Францускиот диџај Дејвид Гета го наполни Градски со фанови од земјава и регионот.
Млада, но и публика од средната генерација скокаше на хитовите на Гета со најголемите ѕвезди на денешницата. Спекталуларно лајт шоу и совршеното озвучување придонесоа за целосен спектакл.
Гета неколкупати ја нарече земјата Македонја и оти кога доаѓал не знаел што да очекува но оти си поминал одлично со таква прекрасна публика.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата