logo
logo
logo

Опфатени повеќе физички лица и правни субјекти

НОВ МИЛИОНСКИ СКАНДАЛ И АПСЕЊЕ ВО СКОПЈЕ, осомничен се обидел да ја напушти државата

Vecer | 03.09.2026

НОВ МИЛИОНСКИ СКАНДАЛ И АПСЕЊЕ ВО СКОПЈЕ, осомничен се обидел да ја напушти државата

Голема полициска акција е спроведена доцна синоќа на повеќе локации низ Скопје, како дел од обемна истрага за сериозен финансиски криминал и милионски злоупотреби.

Од МВР потврдиле дека доцна синоќа во Скопје припадници на Одделот за субивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР спровеле акција и уапсиле лица и извршиле претреси на повеќе локации во рамки на истрага за сериозен финансиски криминал.

Алармот за итнa реализација на случајот бил вклучен откако еден од главните осомничени во шемата се обидел да ја напушти државата и да избега од раката на правдата. Истражните органи реагирале молскавично, пресекувајќи го неговиот бегство и започнувајќи ја акцијата на терен.

Според првичните сознанија, истрагата се однесува на финансиски злоупотреби поврзани со наплата на надоместоци при регистрација на возила. Се испитува добро уиграна шема во која преку лажирање на извештаи и уплатници се прикривале, а потоа приватно се пренасочувале огромни парични средства.

Со истрагата се опфатени повеќе физички лица и правни субјекти, а меѓу осомничените, според неофицијални информации, има и вработени во државни претпријатија. Првичните проценки се дека со оваа криминална шема е направена штета од над 13 милиони денари, односно повеќе од 210.000 евра.

Акцијата продолжила и во текот на утринските часови, а од надлежните институции се очекува официјално соопштение со сите детали за бројот на приведени, конкретните кривични дела и целосниот опфат на оваа милионска афера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk