logo
logo
logo

ОПАСНОСТА ОД ПОЖАРИ СÈ УШТЕ СЕРИОЗНА - Најавените врнежи се очекува да помогнат во гаснењето на активните жаришта

Vecer | 10.09.2026

ОПАСНОСТА ОД ПОЖАРИ СÈ УШТЕ СЕРИОЗНА - Најавените врнежи се очекува да помогнат во гаснењето на активните жаришта

Во моментот нема алармантни пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека опасноста од пожари и натаму постои, но дека најавените врнежи од УХМР за попладневните часови во западните делови од земјата би можеле да помогнат во нивното гаснење.

Пожарот кај Рамно сè уште е активен, но е значително намален.

„Очекувам денес целосно да го изгаснеме“, рече Ангелов.

Активен е и пожарот во атарите на селата Селце и Локов, во подрачјето кај Струга и Дебар, каде втор ден работат тимови на ДЗС составени од доброволни пожарникари.

Ангелов информираше дека активен е и пожарот кој од Белица навлегол на територијата на ловиштето „Јасен“. Вчера огнот зафатил поголема тревна површина и делумно навлегол во борова шума. На терен се екипите на ловиштето, а утрово немало горење бидејќи ниските температури помогнале пожарот да се стави под контрола.

Сепак, според Ангелов, постои опасност пожарот повторно да се активира во попладневните часови.

„Се надевам прогнозата на УХМР ќе излезе точна, ќе падне дожд и на ова место и ќе стави крај на овој пожар“, рече тој.

Вчера избувнал пожар и кај Вруток, на непристапен терен. Гостиварските пожарникари работеле на негово гаснење и значително го намалиле. Пожарот е под контрола, но сè уште постои можност за негово ширење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk