logo
logo
logo

Календарот им се насмевна на граѓаните

КОЈ РАБОТИ ВО ПОНЕДЕЛНИК, НЕКА ИЗДРЖИ: Вторник е неработен, па следува продолжен викенд

Vecer | 04.09.2026

КОЈ РАБОТИ ВО ПОНЕДЕЛНИК, НЕКА ИЗДРЖИ: Вторник е неработен, па следува продолжен викенд

По Денот на независноста, 8 Септември, кој годинава се одбележува во вторник, граѓаните ги очекува уште еден неработен ден, а календарот носи и нова можност за продолжен викенд. Следниот неработен ден е 12 октомври, понеделник, кога се одбележува Денот на народното востание, бидејќи 11 Октомври се паѓа во недела, па празникот се префрла на понеделник. Така, по празничниот вторник во септември, во октомври следува уште еден продолжен викенд за сите граѓани.

Во истиот месец следи уште еден продолжен викенд, односно 23 октомври (петок) – Денот на македонската револуционерна борба. Последниот неработен ден за сите граѓани во оваа година е 8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски.

За граѓаните од католичка вероисповед, неработни денови до крајот на годината се и 1 ноември (недела) – Празникот на сите светци, како и 25 декември (петок) – првиот ден на Божиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk