logo
logo
logo

Зашто што дале поддршка на Синдикатот против партиски вработувања

ЧЛЕНОВИ НА ДУИ УПАДНАЛЕ во зградата на М-НАВ и НАПАДНАЛЕ КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ АЛБАНЦИ

Vecer | 04.01.2024

ЧЛЕНОВИ НА ДУИ УПАДНАЛЕ во зградата на М-НАВ и НАПАДНАЛЕ КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ АЛБАНЦИ

Веднаш по денешната прес-конференција на претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски и по заминување на новинарите, во зградата на М-НАВ упаднале членови на ДУИ од Чаир кои по вербална расправија и закани кон контролорите на летање, физички нападнале дел од нив, дознава sdk.mk.

Неофицијално, групата што упаднала била лута затоа што и контролорите Албанци излегле надвор на прес-конференцијата и му дале поддршка на Тасевски. Еден од контролорите, кој бил на смена, бил удрен со бокс.

Инцидентот бил пријавен во полициска станица во Петровец и полиција е дојдена да врши увид и да прави распит. За инцидентот се известени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Контролорите на летање се фрапирани како насилниците воопшто влегле во М-НАВ и кој ги пуштил затоа што влегувањето во М-НАВ подлежи на строги контроли. Има две контроли – едната е пријавница на влез во дворот на М-НАВ каде што е сместена и контролната кула на Скопскиот аеродром, а втората е на влезот во самата зграда каде што пристап имаат само вработените со електронски картички.

Кога ќе влезеш во кругот на М-НАВ практично имаш пристап до самата писта и до платформата каде што се паркираат авионите.

Денешната прес-конференција на Синдикатот на контролори на летање се случи откако на последните огласи за вработување на М-НАВ, педантно срочени да траат само седум дена, со викендот 10, а беше договорено најмалку две недели, за да ги видат сите професионалци и да конкурираат, експресно беа примени без селекција десетина партиски луѓе.

Претходно, во два наврати, Синдикатот на контролори на летање најави штрајк ако менаџментот на М-НАВ не престане со партиските вработувања, но и ги повика Антикорупциската комисија, Трудовата инспекција, а потоа и Финансовата полиција и Обвинителството да истражат во М-НАВ многу сомнителни постапки за вработување, за тендери, како и за реновирање гаража од 200 метри квадратни со скоро половина милион евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk