Ревизијата утврди: СДСМ И ДУИ ГИ ДОВЕЛЕ МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ДО ПРЕД УНИШТУВАЊЕ

Vecer | 05.11.2026

Ревизијата утврди: СДСМ И ДУИ ГИ ДОВЕЛЕ МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ДО ПРЕД УНИШТУВАЊЕ

Двете јавни претпријатија „Македонски железници транспорт“ и „Mакедонски железници инфраструктура“ ги примија двата ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ.

Во ревизорскиот извештај, кој е изготвен на барање на актуелните раководства, се нотирани клучни проблеми и за нив веќе се преземени мерки, соопшти Министерството за транспорт.

Двете јавни претпријатија „Македонски железници транспорт“ и „Mакедонски железници инфраструктура“ ги примија двата ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ. Во ревизорскиот извештај, кој е изготвен на барање на актуелните раководства, се нотирани клучни проблеми и за нив веќе се преземени мерки - соопшти Министерството за транспорт.

- Сметаме дека врз основа на аномалиите што се нотирани во извештајот и клучните проблеми што биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување - се наведува во соопштението.

Министерството апелира до Јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија.

- Државниот завод за ревизија по службена должност треба да ги испрати извештаите до надлежните институции, а тие во целост ќе бидат испратени до Јавното обвинителство и апелираме да постапи по овие извештаи за двете јавни претпријатија, „Македонски железници инфраструктура“ и „Македонски железници транспорт“ се однесуваат на работењето до 2024 година, и извршена е ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на јавните претпријатија - нагласуваат од Министерството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk