Рокас со порака за Македонија: НАПРЕДОК ВО ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА, ОБРАЗОВАНИЕТО И ПРАВОСУДСТВОТО, ЕУ НАЈАВУВА ПОДДРШКА ЗА РЕФОРМИТЕ

Vecer | 05.11.2026

Рокас со порака за Македонија: НАПРЕДОК ВО ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА, ОБРАЗОВАНИЕТО И ПРАВОСУДСТВОТО, ЕУ НАЈАВУВА ПОДДРШКА ЗА РЕФОРМИТЕ

Македонија бележи напредок во повеќе области во споредба со претходната година, особено во дигиталната трансформација, истражувањето, науката, образованието и владеењето на правото, изјави амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас, одговарајќи на новинарско прашање за извештајот за напредокот на земјата за 2026 година.

Рокас посочи дека се донесени значајни закони и дека една година подоцна веќе се забележуваат резултати од преземените чекори. Сепак, нагласи дека напредокот треба да се оценува во рамките на годишниот циклус и дека, и покрај достигнатото ниво на подготвеност, се очекуваат дополнителни резултати.

Осврнувајќи се на слободата на медиумите, тој истакна дека правната рамка во оваа област се преиспитува со цел усогласување со законодавството и стандардите на Европската Унија.

Меѓу прашањата што треба да бидат опфатени ги посочи транспарентноста на сопственоста на медиумите, државното рекламирање, конкурентноста, државната помош и правата од интелектуална сопственост.

Рокас оцени дека медиумската сфера заслужува целосно внимание и дека Европската Унија внимателно ги следи случувањата. Тој додаде дека Унијата е подготвена да понуди стручна помош и совети за законските измени што треба да придонесат за зајакнување на медиумите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk