Мрачна сенка на сомнеж, тајност и потенцијален скандал падна врз договорот меѓу Бугарија и Грција за заемно предавање историски реликвии, откако бугарските власти панично одбија да го објават точниот список на 53 национални артефакти кои ѝ се предадени на Атина во замена за посмртните останки за кои се верува дека му припаѓаат на Цар Самоил!
Како што објави новинарската платформа Factcheck.bg, Националниот историски музеј во Софија и бугарската Влада го блокираа пристапот до овие информации, криејќи се зад апсурдни клаузули за доверливост. Музејот дури се оправдува дека обелоденувањето на списокот би ги нарушило интересите на Грција бидејќи атинските власти „не сакале документот да биде јавно достапен“, додека Владата во Софија цинично тврди дека воопшто ги нема податоците – иако лично таа го одобрила контроверзниот меморандум!
Оваа скандалозна тајност ги разбесни бугарските научници и јавноста, кои веќе упатија писмо со жесток протест и сомнежи околу законитоста на целата операција. Експертската јавност отворено прашува кои културни добра и непроценливи национални богатства ѝ се предадени на Грција зад затворени врати и зошто Атина инсистира сето тоа да остане во строга тајност.
И покрај обидите на министерот за култура Евтим Милошев да ги смири страстите со тврдења дека „нема ништо скриено“, правните експерти алармираат дека ваквиот молк е целосно неоснован и дека јавноста мора да ја дознае вистината. Поради ова, истражувачките новинари веќе најавија тужба пред судот, каде што ќе бараат итно отворање на тајните архиви и разобличување на целиот договор.
Извор: News.bg
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата