Тешка сообраќајна несреќа утрово се случи на булеварот „Борис Трајковски“, во непосредна близина на поранешна „Стакларница“!
Од силината на ударот две патнички возила – „Мерцедес“ и „Цитроен“, се сериозно оштетени, а делови од возилата се расеани по целиот коловоз.

Сообраќајот во овој дел од градот е во тотален застој и се одвива исклучително отежнато, создавајќи долги колони и нервоза кај возачите. Официјални информации за евентуално повредени лица засега нема, а полициски екипи се на терен и вршат увид за утврдување на причините за судирот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата