На 16 мај минатата година обвинителката на СЈО ленче Ристовска поднесе тужба за клевета и навреда против новинарот и ѕредник Драган Павловиќ Латас за клевета и навреда за изјава изречена на ТВ Канал 5:
“Оваа која го гони ВМРО и која неовластено земала 100.000 евра според Агенција за борба против корупција вие ја предлагате да оди во Стразбур за судија, второ нема ни стаж...“
Ристовска сметала дека оваа изјава влијаела да не биде предложена за судија во Судот за човекови права во Стразбур, и барала надомест од 10.000 евра (600.000 денари) за штетата која и е нанесена.
Основниот граѓански суд во Скопје пресуди дека тужбата, како и барањето за надомест на штета од страна на Ленче Ристовска се неосновани.
Патем, судот констатира дека Ленче Ристовска во време на поднесување на тужбата немала 12 години обвинителски стаж како што се барало во Конкурсот, за што тужениот Латас на судењето поднесе докази.
Исто така, судот констатира дека тужениот Латас поднел и докази за незаконската исплата на обвинители од СЈО, меѓу кои и Ленче Ристовска, евидентирани во извештај на овластен државен ревизор кои биле службен информација од овластен државен орган на ја темели својата изјава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата