logo
logo
logo

Дали некој до скоро се надевал дека волку голем број туристи ќе ноќеваат во Македонија?

Vecer | 12.09.2026

Дали некој до скоро се надевал дека волку голем број туристи ќе ноќеваат во Македонија?

До скоро под туристи во Македонија се спомнуваа помали, организирани, групи од соседните држави, по некој да застане и преспие на пат од и кон Грција... и толку. Но, времињата се менуваат. Се инвестираше во аеродроми и авио летови, во хотели и се подобри ресторани па бројот на туристи кои ноќеваат, престојуваат во Македонија дојде до бројки кои никогаш во последниве давесетина години досега не се видени.

Македонскиот туристички сектор бележи раст во екот на летната сезона, а во јули во земјава престојувале повеќе од 223 илјади туристи.

Според официјалните податоци, во текот на месецот биле регистрирани 223.711 туристи, кои оствариле вкупно 795.083 ноќевања.

Во споредба со јули минатата година, бројот на туристи е зголемен за 6,6 проценти, додека бројот на остварени ноќевања бележи раст од 3,2 проценти.

Посилен раст е забележан кај странските гости. Бројот на нивните ноќевања е зголемен за 9,8 проценти, што покажува дека Македонија привлекува сè поголем број посетители од странство.

Најбројни во јули биле туристите од Турција. Во земјава пристигнале 50.955 турски туристи, со што Турција останува еден од најзначајните пазари за домашниот туристички сектор.

По нив следуваат посетителите од Србија, Германија и Романија.

Податоците покажуваат дека летната сезона продолжува со позитивни резултати, особено кај странскиот туризам, кој сè повеќе учествува во вкупниот број туристи и остварени ноќевања во земјава.

Растот на бројот на странски гости е значаен и за пошироката економија, бидејќи поголемиот туристички промет носи повисока потрошувачка во угостителството, сместувачките капацитети, транспортот и локалната трговија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk