logo
logo
logo

Драматични детали од загрепскиот напад

ВИДЕО | „МАМО, САМО ПОВИКАЈ БРЗА ПОМОШ“: Последните зборови на ранетиот ученик пред да прекине врската

Vecer | 11.09.2026

ВИДЕО |   „МАМО, САМО ПОВИКАЈ БРЗА ПОМОШ“: Последните зборови на ранетиот ученик пред да прекине врската

Ученикот кој утрово беше повреден во крвавиот напад во Електротехничкото училиште во Загреб се наоѓа во операционата сала, објавија хрватските медиуми. Тој бил нападнат со остар предмет од маскиран ученик, а по инцидентот бил итно пренесен во болница, каде што лекарите во моментов се борат за неговото здравје.

„Синот ми се јави нешто пред 8 часот наутро и рече: ‘Мамо, повикај брза помош и полиција’“, изјави мајката на повредениот ученик за РТЛ. Таа вели дека веднаш прашала дали го удрил автомобил, на што тој одговорил: „Не, мамо, избоден сум“.

„Во тој момент ми падна телефонот. Го прашав: ‘Сине, што зборуваш?’, а тој рече: ‘Мамо, само повикај брза помош’, и потоа врската се прекина“, раскажа таа. Вели дека му се јавила назад, но наместо него се јавил наставник и рекол: „Вашето дете е избодено“.

„Никој од училиштето не ми се јави“

Жртвата е ученик во прва година средно училиште, а напаѓачот е исто така ученик во прва година. „Синот ми моментално е во операциона сала, а јас чекам во ходникот“, изјави мајката на повредениот ученик.

Првично ѝ било кажано дека синот е однесен во болницата „Клаиќева“, па таа отишла таму да го бара. Подоцна била информирана дека синот всушност се наоѓа во КБЦ Загреб. Таа тврди дека никој од училиштето официјално не ѝ се јавил за да ѝ даде каква било информација за нејзиниот син.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk