МУЦУНСКИ ЈА ОТКРИ СТРАТЕГИЈАТА за деблокада на спорот со Софија

Vecer | 29.10.2026

МУЦУНСКИ ЈА ОТКРИ СТРАТЕГИЈАТА за деблокада на спорот со Софија

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, рече дека Македонија не прекинува со интензивните дипломатски напори за деблокада на евроинтегративниот пат, потврдувајќи дека билaтералниот дијалог со Бугарија продолжува, но исклучиво во координација и активна комуникација со сите земји членки на Европската Унија.

Муцунски откри дека во изминатите денови остварил важни средби на највисоко ниво, вклучително и со францускиот министер за европски прашања, во Црна Гора, каде што директно ги презентирал македонските позиции. Тој посочи дека и за време на денешната средба со словачкиот колега Јурај, деблокадата била една од главните теми, со оглед на тоа што сите одлуки поврзани со проширувањето и интеграцијата носат исклучителна тежина и бараат целосен консензус во Брисел.

„Дијалог има и ќе продолжиме да воспоставуваме дијалог. Тој е билатерален со Бугарија, но вклучува наша активна комуникација со претставниците на земјите членки на ЕУ. За сите одлуки поврзани со нашата интеграција е потребен консензус, што значи дека за било какво решение за коешто работиме со Софија, неопходна е поддршка и консензус од сите земји членки на Унијата“, дециден беше министерот Муцунски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk