Прашања на кои барам одговор:
- Шведска има 21% странци - нема демонстрации
- Во Данска има 17% мигранти - нема протести
- Во Швајцарија 28% луѓе се дојденци - нема демонстрации
- Белгија, 20% од жителите се родени во странство. Досега нема демонстрации и масовни верски, етнички или расни судири.
Но,
- Во Франција 12% од жителите се родени во странство - има демонстрации и судири по расна и етничка основа. Половина од нив се родени во поранешните француски колонии.
- Во Италија околу 14% живеат луѓе родени во странство, со или без регулиран престој - има демонстрации од секој вид. Во Италија се наоѓа најголемата џамија во Европската унија, во Рим (Moschea di Roma) на 30.000 квадратни метри. Слична или поголема, Ејуб Султан, се гради во Стразбур - Франција.
- Во Шпанија 20% од жителите (10 милиони) се од странско потекло - има демострации како и протести против мигранти. И кај нив половина од тие се родени во поранешни шпански колонии.
- Велика Британија, 20% жители се родени во странство, (13,5 милиони). Скоро половина од нив се од поранешните британски колонии, пред се од Индија, Пакистан, Бангладеш и Нигерија. Засега нема “обоени револуции“, но има постојани верски, етнички и расни тензии и конфликти.
Зошто кај едните, со толку голема миграција нема, а кај другите има демонстрации, етнички, верски и расни судири?
Помеѓу останатото, изгледа вековнниот гнев на колониите експлодира. Со генерации пренесувани истории, трагедии и митови останале во колективното паметење.
Како што остануваат и легенданите зборови на Гадафи (Либија) до Берлускони (Италија) во август 2011-та: “Немојте да ни го правите ова, немојте да ја уништите земјата, само од Либија ќе има два милиони бегалци а Италија им е најблиску...“
Историјата може некој да ја игра со пиши-бриши но, колективното историско паметење се пренесува од еден на друг, од татко на син и ќерка... и останува. И чека свои денови да потсети што е што.
Паметен учи на туѓите грешки.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата