МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ПРЕД УСЛОВ НА ПАТОТ КОН ЕУ: Кос бара уставни измени за продолжување на евроинтеграциите

Vecer | 23.10.2026

МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ПРЕД УСЛОВ НА ПАТОТ КОН ЕУ: Кос бара уставни измени за продолжување на евроинтеграциите

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

На средбата беа разгледани Планот за раст и евроинтегративниот процес на земјава, при што Кос упати апел до Владата да ја исполни обврската во однос на уставните измени.

— Нема многу работи што треба да се направат. Има многу, но станува збор за еден чекор – уставните измени. Откако ќе бидат усвоени уставните амандмани, ќе можеме да продолжиме без дополнителни политички одлуки. Затоа, ова е мојот апел до Владата: ве молам, направете го тоа, исполнете ја вашата обврска. Сигурна сум дека тогаш ќе можеме да продолжиме напред, во најдобар интерес на вашите граѓани – посочи Кос.

Оцени дека актуелниот момент е можност за напредок на Северна Македонија кон ЕУ, посочувајќи го напредокот на други земји од Западен Балкан.

– Живееме во историски момент во кој некои други земји од Западен Балкан напредуваат. Се надевам дека многу наскоро ќе го потпишеме пристапниот договор со Црна Гора. И Албанија напредува добро. Значи, ова е навистина вистинскиот момент и Северна Македонија да продолжи напред. Од политичарите во Северна Македонија зависи да ги исполнат очекувањата – порача Кос.

Сали е во тридневна посета на Брисел, во рамки на која остварува средби со претставници на европските институции за прашања поврзани со евроинтеграциите и соработката со Европската Унија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk