Истрага повеќе од една година

КЛЕКОВСКИ СО ДЕТАЛИ - Три лица од ФЗО и две од приватна болница инволвирани во злоупотреба на средства

Vecer | 29.10.2026

КЛЕКОВСКИ СО ДЕТАЛИ - Три лица од ФЗО и две од приватна болница инволвирани во злоупотреба на средства

Три лица од Фондот за здравствено осигурување и две лица од приватна здравствена установа се инволвирани во случајот со злоупотреба на средства од таа институција за што МВР спроведува акција. Станува збор за повеќе видови на прекршоци, една од најмасовните е двојна наплата на пациентите односно земени се пари од Фондот за одредена услуга за која има договор и таа услуга под различни превези и изговори е наплаќана од пациентите, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Тој посочи дека акцијата што ја спроведува МВР утринава е повеќемесечна, и е темелена на повеќе од една година истрага.

- Во акцијата е вклучена една приватна здравствена установа која имаше договор со Фондот за здравствено осигурување и неколку лица од Фондот. Станува збор за злоупотреба на средства од Фондот за здравствено осигурување. Се надевам дека МВР наскоро ќе излезе со повеќе детали. Можам само да ја потврдам акцијата, да ја потврдам соработката и да изразам голема благодарност на истрајноста и упорноста на вработените во МВР и на Јавното обвинителство, што конечно една од ситуациите на кои работевме изминатите две години доаѓа до одредена завршница, барем во однос дека ќе има кривични пријави и судска постапка, рече Клековски.

Тој потенцира дека во време кога бил директор на Фондот бил иницијатор на истрагата, бидејќи станува збор за здравствена установа која имаше повторувачки прекршоци со години – значи не е една, двапати, трипати, туку постојано повторување на слични прекршоци за кои не било соодветно казнувана.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk