logo
logo
logo

МАКЕДОНСКИ КУЛТУРЕН БРАН ВО БЕЛГРАД: Одбележани 35 години независност со изложби во КИЦ и „Галерија 73“

Vecer | 10.09.2026

МАКЕДОНСКИ КУЛТУРЕН БРАН ВО БЕЛГРАД: Одбележани 35 години независност со изложби во КИЦ и „Галерија 73“

Најпрво, со изложбата „Визии – Глава полна со луѓе“ на големиот македонски уметник Родољуб Анастасов, со која во КИЦ Белград беше одбележана 35-годишнината од независноста на нашата држава.

На овој свечен настан, на кој пригодни обраќања имаа македонскиот амбасадор во Србија Никола Тупанчески, директорот на КИЦ Белград Васко Шутаров и кустосот-советник Јасминка Намичева, присуствуваа бројни претставници на македонската заедница во Белград, претставници на дипломатскиот кор, но и поранешни студенти на проф. Анастасов кои специјално по овој повод допатуваа од Скопје, но и од Англија. Изложбата ќе биде поставена во нашиот КИЦ во Белград до 30 септември.

Вечер потоа, на 9 септември, во познатата белградска културна институција „Галерија 73“, пред бројна публика, беше отворена изложбата „Бруталист“ на проф. Благојче Наумоски-Бане и Петар Новковски.

Оваа интригантна и исклучително интересна ликовна концепција преку која комуницираат проф. Наумоски и неговиот студент Новковски, предизвика посебен интерес меѓу ликовните уметници од Белград, како и меѓу најмладата публика од средните уметнички училишта.Изложбата „Бруталист“, која заеднички ја отворија директорката на „Галерија 73“ Мирела Пудар и директорот на нашиот КИЦ во Белград Васко Шутаров, ќе биде поставена до 15 септември.

Изложбата „Бруталист“, која заеднички ја отворија директорката на „Галерија 73“ Мирела Пудар и директорот на нашиот КИЦ во Белград Васко Шутаров, ќе биде поставена до 15 септември.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk