logo
logo
logo

ДВА ПРОДОЛЖЕНИ ВИЕКНДА ВО ОКТОМВРИ - Три неработни денови

Vecer | 10.09.2026

ДВА ПРОДОЛЖЕНИ ВИЕКНДА ВО ОКТОМВРИ - Три неработни денови

Граѓаните на Македонија во октомври ќе имаат три неработни денови, од кои два ќе овозможат продолжени викенди.

Првиот неработен ден е 11 октомври – Денот на народното востание, кој годинава се паѓа во недела. Согласно законските одредби, неработен ќе биде понеделник, 12 октомври, со што граѓаните ќе имаат продолжен викенд од три дена.

Вториот празник е 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој во 2026 година се паѓа во петок. Тоа значи дека и овој празник ќе донесе продолжен викенд, со оглед дека по него следуваат сабота и недела.

Така, октомври ќе им овозможи на граѓаните два продолжени викенда, а неработни ќе бидат 11, 12 и 23 октомври.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk