logo
logo
logo

Западно-нилската треска се шири: БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ИСКАЧИ НА 58

Vecer | 10.09.2026

Западно-нилската треска се шири: БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ИСКАЧИ НА 58

Во Македонија досега се регистрирани 58 случаи на западно-нилска треска, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје, заклучно со 8 август.

Од вкупниот број заболени, 54 случаи се потврдени, додека четири се класифицирани како веројатни, согласно дефиницијата за случај.

Најголем број од заболените се од Скопје – 55 лица. По еден случај е регистриран кај жители на Велес, Куманово и Свети Николе.

Според епидемиолошките податоци, 57 од случаите се автохтони, додека едно лице има историја на патување во Грција. Сепак, инкубацискиот период кај овој случај опфаќа и престој во Македонија.

Меѓу заболените доминираат мажите. Регистрирани се 46 машки лица, односно 79,3 проценти, и 12 женски лица, што претставува 20,7 проценти од вкупниот број случаи.

Најзастапена е највозрасната категорија. Дури 47 лица, или 81 процент од заболените, се на возраст над 60 години. Седум случаи се кај лица од 50 до 59 години, три кај лица на возраст од 20 до 29 години, а еден случај е регистриран во возрасната група од 30 до 39 години.

Просечната возраст на заболените изнесува 66,1 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk