logo
logo
logo

Манастирска слава во Бигорски: ТРОЈЦА НОВИ МОНАСИ И ВИЗАНТИСКО ПЕЕЊЕ СО ХОРОТ „СВЕТИ ЈОВАН КУКУЗЕЛ“ ОД ТИРАНА

Vecer | 10.09.2026

Манастирска слава во Бигорски: ТРОЈЦА НОВИ МОНАСИ И ВИЗАНТИСКО ПЕЕЊЕ СО ХОРОТ „СВЕТИ ЈОВАН КУКУЗЕЛ“ ОД ТИРАНА

Манастирот „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, ги кани верниците на традиционалното одбележување на главната манастирска слава во спомен на Отсекувањето на чесната главата на Свети Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован.

За време на празничното бдение, кое почнува утревечер во 19 часот, тројца искушеници ќе го примат монашкиот чин.

Монашкиот чин ќе биде извршен во присуство на митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, кој ќе претстои на празничното бдение.

Според објавата на Бигорскиот манастир, замонашувањето ќе биде централниот духовен настан во рамките на годинашното празнување на Свети Јован Крстител, небесниот покровител на обителот.

Празничното чествување ќе биде збогатено и со учеството на хорот за источно-православно пеење „Свети Јован Кукузел“ од Тирана, Албанија. Хорот ќе гостува во Бигорски со благослов на архиепископот на Тирана, Драч и на цела Албанија г. г. Јован.

„Тоа ќе внесе уште една светла димензија во славата: братско сведоштво дека православната вера, молитвата и свештеното предание ги надминуваат сите граници и ги соединуваат народите во едната Христова Црква. Со нив и со  браќа псалти, древните химни кон Светиот Претеча ќе се вознесуваат во Бигорски како заедничка молитва и благодарност“, стои во објавата.

Хорот од албанската православна  црква заедно со хорот при бигорското братство ќе го придружуваат празничното бдение и богослужението со византиско црковно пеење.

На денот на празникот, 11 септември, во 8:45 часот почнува  светата архиерејска Златоустова Литургија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk