Незапомнета и брутална сајбер-саботажа предизвика тотален хаос и милионски штети во ланците супермаркети ширум Европа, откако високообучени хакери од далечина ја презедоа контролата врз фрижидерите и замрзнувачите, активирајќи систем за одмрзнување и подигајќи ги температурите до неверојатни 50 и 55 степени Целзиусови!
Кошмарниот сајбер-напад се одигра во глува доба од ноќта меѓу неделата и понеделникот во Шведска, Белгија, Луксембург, Ирска, Холандија, Естонија и Финска. Напаѓачите го искористиле моментот кога продавниците биле празни, претворајќи ги подлабоките замрзнувачи од -27°C во вистински печки. Утрото, вработените во познатите гиганти како „ICA“, „Carrefour“, „Delhaize“, „Spar“ и „IKEA“ ги затекнале рафтовите целосно уништени, поплавени со вода и преполни со расипано месо, млечни производи и замрзната храна која морала итно да се фрли во ѓубре!
Grocery stores in several European countries are reporting disruptions to their refrigeration systems in incidents suspected to be linked to cyberattacks. https://t.co/2nGtqh8Kfm
— Breaking911 (@Breaking911) November 2, 2026
„Сè е уништено! Фрижидерите се вжештија среде ноќ!“, изјави преплашената менаџерка на еден од погодените маркети на „ICA“ во Стокхолм, каде што температурите во фрижидерите достигнале 50 степени.

Ова е втор масовен бран на вакви агресивни напади, откако во средината на октомври на идентичен начин беа опустошени стотици супермаркети во Франција со штети од десетици милиони евра. Она што најмногу ги преплаши европските безбедносни служби и Европската комисија е фактот што хакерите уште ниеднаш немаат побарано откупнини, што укажува на тоа дека целта не е профит, туку намерна и опасна саботажа за директно парализирање на ланецот за снабдување со храна и сеење паника меѓу граѓаните на Европа!
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата