logo
logo
logo

Ердоган: Шведска и Финска наместо да даваат изјави, НЕКА ДАДАТ РЕЗУЛТАТИ АКО САКААТ ВО НАТО

Vecer | 28.06.2022

Ердоган: Шведска и Финска наместо да даваат изјави, НЕКА ДАДАТ РЕЗУЛТАТИ АКО САКААТ ВО НАТО

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека Финска и Шведска мора да ја земат предвид загриженоста на Турција и да даваат не само изјави, туку и резултати доколку сакаат да бидат членки на НАТО.

Говорејќи пред заминувањето на самитот на НАТО во Мадрид, каде што ќе се сретне со лидерите на нордиските нации и на Алијансата, Ердоган рече дека Шведска и Финска мора да ги исполнат очекувањата на Анкара, пренесува Ројтерс.

Шведска и Финска поднесоа барања за членство во НАТО во мај, по рускиот напад врз Украина.

Турција, членка на НАТО, досега ги блокираше нивните кандидатури бидејќи верува дека двете земји имаат премногу благ однос кон организациите како што е Курдистанската работничка партија (ПКК), која водеше 38-годишен бунт против Турција, убивајќи десетици илјадници..

Анкара тврди дека Шведска и Финска кријат членови на ПКК, како и лица поврзани со неуспешниот обид за пуч во Турција во 2016 година, и бара од двете земји да ги одобрат барањата за екстрадиција на лицата кои се бараат во Турција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk