Пристигна првата реакција на милијардерот Маск по изборите

Vecer | 04.11.2026

Пристигна првата реакција на милијардерот Маск по изборите

 „Дата центрите во вселената во моментов изгледаат прилично привлечно“, напиша Маск на социјалната мрежа X. „Изгледа дека моите ласери во вселената, наменети за местење избори, овој пат не проработеа 🤷‍♂️“, додаде тој.

За време на изборната кампања, Маск потроши стотици милиони долари за поддршка на републиканските кандидати за Конгресот.

Неговата најзначајна инвестиција беше во една трка во Тексас, каде што републиканецот Кен Пакстон – кој ја имаше и поддршката од претседателот Доналд Трамп – загуби од демократскиот кандидат Џејмс Таларико.

Изградбата на Дата центри  стана значајно политичко прашање во Соединетите Држави. Сè поголемата побарувачка за компјутерска моќ, неопходна за развој на вештачката интелигенција, поттикнува изградба на огромни центри за податоци кои трошат огромни количества електрична енергија и вода.

Како резултат на тоа, сè поголем број локални заедници во САД се спротивставуваат на нивната изградба, стравувајќи од зголемени трошоци за електрична енергија, преоптоварување на инфраструктурата и негативни влијанија врз животната средина. На овогодинешните избори, неколку кандидати од Демократската партија за гувернери – вклучително и оние во Тексас, Џорџија и Охајо – се заложија за ограничување или привремено стопирање на изградбата на нови центри за податоци. Маск, сепак, долго време ја промовира идејата тие да се преместат во вселената.

Концептот подразбира сместување на компјутерските сервери, потребни за обработка на податоци и за функционирање на системите за вештачка интелигенција, на сателити што кружат околу Земјата, наместо во големи објекти на копно. Главната предност на еден ваков пристап би била можноста за искористување на речиси континуирана сончева енергија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk