СОСТОЈБАТА ИЗЛЕГУВА ОД КОНТРОЛА - Полски специјалци на границата со Калининград

Vecer | 05.11.2026

СОСТОЈБАТА ИЗЛЕГУВА ОД КОНТРОЛА - Полски специјалци на границата со Калининград

Полските власти испратија дополнителни полициски и антитерористички единици на границата со Русија, односно кон Калининградската област. Оваа мерка следува по добиените известувачки предупредувања за можни саботажи, диверзии и потенцијални обиди за илегален премин на вооружени групи.

Специјалната операција ги опфаќа североисточните региони Варминско-мазурското и Подлаското војводство. Началникот на полската полиција, Марек Борон, потврди дека во Главната команда е формиран посебен штаб кој ги координира активностите на полицијата, армијата, граничната служба и разузнавачките агенции. Предупредувањата пристигнале од полската воена разузнавачка служба и сојузничките земји од НАТО, но полските власти нагласуваат дека ова е чисто превентивна безбедносна операција, а не подготовка за воена ескалација.

Засилувањето на безбедноста доаѓа во време на зголемени тензии околу Калининградската област – руска ексклава меѓу Полска и Литванија, каде што се стационирани значајни воени капацитети на Балтичката флота. Претходно, полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски предложи НАТО да одржува поинтензивни воени вежби во близина на оваа област со цел да се изврши стратешки притисок врз Москва.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk