ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ПРЕД ИЗБОРИТЕ ВО САД: Најновите анкети носат лоши вести за Трамп

Vecer | 02.11.2026

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ПРЕД ИЗБОРИТЕ ВО САД: Најновите анкети носат лоши вести за Трамп

Само еден ден пред американските избори на средината на мандатот, најновите анкети на „Њујорк тајмс“ и колеџот „Сиена“ покажуваат значителна промена во корист на демократите во битката за контрола врз Сенатот. Демократските кандидати водат во шест од седумте клучни држави, вклучително и во традиционалните републикански упоришта, Тексас и Канзас.

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со неповолни резултати во анкетите пред изборите на средината на мандатот на 3 ноември, на кои гласачите ќе го одредат составот на Конгресот и политичкиот сооднос на силите за последните две години од неговиот мандат.

Според најновото истражување на „Њујорк тајмс“ и колеџот „Сиена“, спроведено во периодот од 23 октомври до 1 ноември, демократските кандидати водат во речиси сите клучни трки за места во Сенатот. Особено изненадувачки се резултатите во Тексас – каде што не е избран демократски сенатор уште од 1988 година – и во Канзас, каде што демократите немаат победено на избори за Сенат уште од 1932 година.

За да обезбедат мнозинство, демократите треба да ги задржат своите постојни места и да освојат најмалку четири места што моментално ги држат републиканците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk