ПРОТЕСТИТЕ ЈА ПАРАЛИЗИРААТ ТРГОВИЈАТА ВО ФРАНЦИЈА: Трговците алармираат за пад на продажбата од 80%

Vecer | 26.10.2026

ПРОТЕСТИТЕ ЈА ПАРАЛИЗИРААТ ТРГОВИЈАТА ВО ФРАНЦИЈА: Трговците алармираат за пад на продажбата од 80%

Претседателот на мрежата на француски стопански комори (CCI France), Ален ди Крешенцо, денеска повика на привремено прекинување на демонстрациите во Франција во текот на последниот дел од годината, што е од клучно значење за трговците.

Тој предупреди дека новите протести во Франција го загрозуваат опстанокот на малите локални продавници, објави Фигаро.

„Трговците се уморни и очајни“, изјави Ди Крешенцо за Радио Класик и потсети дека 40 проценти од годишните приходи на продавниците се генерирани во текот на ноември и декември.

Тој изјави дека за време на протестот во саботата биле регистрирани околу 50 оштетени продавници и дека активноста на трговците се намалила за приближно 80 проценти.

Дел од трговците одлучија да ги затворат своите продавници како мерка на претпазливост по насилството за време на протестот на 17 октомври.

„Ако демонстрациите се одржуваат секој викенд, незамисливо е продавач да ја поправи својата продавница, а следната недела повторно да биде вандализирана“, рече Ди Крешенцо.

Според француското Министерство за внатрешни работи, 410.000 луѓе учествувале во протестите во саботата, во споредба со 550.000 една недела претходно.

Упатени се нови повици за протести за претстојните викенди, додека синдикатите се подготвуваат за националниот ден на штрајкови и демонстрации закажан за 5 ноември.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk