(ВИДЕО) ПОТОП ВО МЕКСИКО: Улиците исчезнаа под вода, автомобили заробени во страшните поплави!

Vecer | 26.10.2026

(ВИДЕО) ПОТОП ВО МЕКСИКО: Улиците исчезнаа под вода, автомобили заробени во страшните поплави!

Обилните дождови предизвикаа сериозни поплави во градот Сиудад Хуарез, во мексиканската сојузна држава Чивава, оставајќи бројни автомобили заглавени во вода и предизвикувајќи сообраќаен хаос.

Како што пренесува мексиканскиот весник „Ел Универсал“, по интензивните врнежи во текот на ноќта, повеќе улици и булевари станале речиси непроодни, а движењето низ градот било значително отежнато.

Надлежните служби интервенирале на критичните локации и ги предупредиле возачите да не поминуваат низ поплавените улици.

Поради невремето бил нарушен и пристапот до повеќе училишта, поради што во дел од образовните установи била прекината наставата со физичко присуство.

Засега нема прецизни информации за вкупната материјална штета, додека надлежните продолжуваат да ја следат состојбата на терен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk