logo
logo
logo

ЗАХАРОВА ЈА ПРЕДУПРЕДИ МАКЕДОНИЈА и Западен Балкан, неверојатно што порачува!

Vecer | 14.10.2026

ЗАХАРОВА ЈА ПРЕДУПРЕДИ МАКЕДОНИЈА и Западен Балкан, неверојатно што порачува!

Европската Унија во последните децении драстично го промени својот карактер и нејзиното проширување повеќе воопшто не подразбира можност новите членки да го задржат својот неутрален статус, предупреди официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесе „Спутник“.

Таа упати директна порака до земјите од Западен Балкан, подвлекувајќи дека патот кон евроинтеграциите за сите кандидатски земји, меѓу кои Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија, денес значи автоматско прифаќање на агресивната политика на Брисел насочена против Русија.

– „Начинот на кој балканските земји ќе ги градат односите со ЕУ е нивен суверен избор, но тие веќе децении чекаат пред нејзините врати. За тоа време Унијата значајно се промени, и тоа никако на подобро – како на економски план, така и во настапот на меѓународната сцена“, истакна Захарова.

ЕУ се претвора во воен блок: Неутралноста за новите членки е минато

Портпаролката на руското МНР посочи дека убрзаната милитаризација на ЕУ, пропаднатата миграциска политика и, како што рече, ирационалното прекинување на трговската и енергетската соработка со Русија, оставаат разорни последици врз социјалната и економската состојба во Европа. Како пример за падот на привлечноста на ЕУ, таа го посочи референдумот во Исланд во август, каде граѓаните гласаа против обновување на преговорите со Брисел.

Според Захарова, најголемата закана лежи во тоа што Брисел сè повеќе се трансформира во воена алијанса која ја прогласува Русија за егзистенцијална закана дури и по завршувањето на конфликтот во Украина.

– „Овој процес повеќе ниту на кој било начин не овозможува зачувување на неутрален статус. Перспективата за зачленување во ЕУ бара целосно усогласување со антирускиот курс, спроведување санкции, финансирање на Киев и прифаќање задачи кои често се во директен судир со националните приоритети на самите земји кандидати“, подвлече таа, изразувајќи надеж дека лидерите од Западен Балкан трезвено ги анализираат последиците по сопствените граѓани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk