(ВИДЕО) НОЌ НА ЕКСПЛОЗИИ ВО РУСИЈА: Тројца загинати во украински напад со дронови, пожари и оштетен патнички воз

Vecer | 26.10.2026

(ВИДЕО) НОЌ НА ЕКСПЛОЗИИ ВО РУСИЈА: Тројца загинати во украински напад со дронови, пожари и оштетен патнички воз

Најмалку три лица загинаа, а 17 се повредени во напад со украински беспилотни летала врз руската област Воронеж. Во нападот избувнале пожари во станбени и деловни објекти, а остатоци од соборени летала погодиле и патнички воз на линијата Анапа – Москва.

Според гувернерот на областа, Александар Гусев, руската противвоздушна одбрана соборила 113 беспилотни летала над регионот, од кои повеќе од 70 над самиот град. Руското Министерство за одбрана соопштило дека на територијата на целата земја биле соборени вкупно 290 летала.

Снимките објавени на руските социјални мрежи прикажуваат пожари во станбени згради, деловен центар висок 25 ката и приватни куќи. Најмалку десет автомобили биле зафатени од пламен, а оштетени се и индустриски капацитети, училишно спортско игралиште, гаражи и станбени објекти.

Од остатоците на беспилотните летала биле повредени и патници во возот Анапа – Москва. Според руските железници, петмина патници се повредени, од кои двајца потешко, откако делови од леталата паднале во близина на станицата Сомово. Железничкиот сообраќај низ градот привремено бил прекинат.

Руските власти соопштиле дека нуклеарната централа Нововоронеж работи нормално. Киев засега не се огласил за нападот, а независни набљудувачи не можеле да потврдат дали експлозиите во близина на станбените згради биле предизвикани од директни погодоци или од паднати остатоци од соборените летала.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk