(Видео) ХАОС НАД ЕВРОПА! Ловци на небото, приземјени патнички авиони - ова се случува!

Vecer | 03.11.2026

(Видео) ХАОС НАД ЕВРОПА! Ловци на небото, приземјени патнички авиони - ова се случува!

За само два дена, европското воздухопловство се најде под сериозен притисок поради бранот дојави за поставени експлозивни направи во патнички авиони. Ситуацијата натера бројни летови на итно пренасочување, привремено затворање на клучни аеродроми, а беше ангажирана дури и воена авијација.

Само во текот на вчерашниот ден беа евидентирани закани на три меѓународни лета кои сообраќале меѓу Велика Британија, Данска, Полска и Шпанија. Ова се случува откако само ден претходно авион на линијата Лондон–Софија мораше под воена придружба итно да слета во Будимпешта.

Најсериозниот инцидент се одигра во Полска, каде авион на компанијата „ЛОТ“ со 181 патник и член на екипажот беше принуден да го промени курсот и да слета на аеродромот „Варшава-Модлин“, кој веднаш беше целосно затворен за сообраќај.

Во исто време, аларм беше вклучен и за лет на скandinavската компанија „САС“ од Копенхаген кон Варшава, како и за лет на „Рајанер“ на релација од Манчестер кон Мурсија во Шпанија.

За среќа, сите три летала успешно и безбедно пристигнаа на земјата, но по слетувањето веднаш беа активирани специјални безбедносни служби за детални проверки на патниците и багажот.

✈️🚨 Salida de la tripulación y los pasajeros del avión con "aviso de bomba" que ha aterrizado en el Aeropuerto de la Región ✍️ TODA LA INFORMACIÓN ⬇️ https://t.co/GBjoCrD7Co https://t.co/iloNuqDDRk

— La 7 (@la7tele) November 3, 2026

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk