Црн биланс на Еверест: ВО СУДИР НА ХЕЛИКОПТЕРИ ЗАГИНА ТУРИСТ, СПАСЕН ДРЖАВЈАНИН ОД НОВ ЗЕЛАНД

Vecer | 03.11.2026

Црн биланс на Еверест: ВО СУДИР НА ХЕЛИКОПТЕРИ ЗАГИНА ТУРИСТ, СПАСЕН ДРЖАВЈАНИН ОД НОВ ЗЕЛАНД

Едно лице загина, а друго е повредено откако два хеликоптери се судрија додека се подготвуваа за слетување во регионот на Монт Еверест во Непал рано утринава во вторникот, соопштија властите.

Еден индиски државјанин загина во несреќата, додека еден Новозеланѓанец беше спасен, изјави за „Ројтерс“ шефот на округот Солухумбу, Каман Синг Тапа Магар.

Судирот наводно се случил во базниот камп на Монт Еверест. Со хеликоптерите управувале две приватни компании, „Фиштеил ер“ и „Династи ер“.

Загинал турист

Од „Фиштеил ер“ соопштија дека нивниот хеликоптер превезувал патници спасени од Еверест кога се урнал за време на слетувањето. Индиецот кој загинал и повредениот Новозеланѓанец биле туристи, додадоа од компанијата.

Од „Династи ер“ исто така реагираа за несреќата, наведувајќи дека нивниот хеликоптер превезувал само товар.

На социјалните мрежи се појави и видео од наводниот момент на судирот на хеликоптерите. Додека група луѓе чека да оди на скијање, двата хеликоптера се судираат на само неколку метри од земјата.

Несреќата се случила за време на пикот на алпинистичката сезона во Непал, кога хеликоптерите интензивно превезуваат планинари и алпинисти низ регионот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk