А, каде е ЕУ...?

НОВА ЈАЛТА ВО НАЈАВА? - Путин, Трамп и Си Ѓинпинг се среќаваат во Кина

Vecer | 03.11.2026

НОВА ЈАЛТА ВО НАЈАВА? - Путин, Трамп и Си Ѓинпинг се среќаваат во Кина

Геополитички потрес се подготвува на глобалната сцена откако портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, официјално потврди дека се вршат интензивни подготовки за одржување историски трилатерален средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Ѓинпинг!

Тројниот самит на најмоќните луѓе во светот треба да се одржи на маргините на претстојниот форум за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК), кој е закажан за 18 и 19 новембра во кинескиот центар Шенжен.

„Работата на организацијата на ваквиот состанок е веќе во тек и очекуваме наскоро сè да биде финализирано. Постои општо разбирање кај сите учесници дека ваквиот состанок е повеќе од сврсисходен и исклучително корисен“, изјави Песков.

Идејата за овој мега-сусрет првично беше иницирана за време на разговорите меѓу Путин и специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, а самиот Трамп веќе потврди дека Кина е идеалното место за средба со Путин и Си. Додека Москва и Вашингтон ги пеглаат деталите, кинеското Министерство за надворешни работи загрижливо молчи за директното учество на Трамп, соопштувајќи само дека Пекинг е „во постојан контакт за билатералната средба меѓу Кина и Русија“.

Доколку оваа трилатерална средба се реализира на 18 ноември, тоа ќе биде првпат во модерната историја лидерите на трите најголеми светски велесили да седнат на иста маса за директно прекројување на глобалната безбедност, енергетските пазари и воените конфликти!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk