„ЌЕ ВЕ УНИШТИМЕ“: Евакуации во стотици училишта и директни закани до Џорџа Мелони

Vecer | 11.11.2026

„ЌЕ ВЕ УНИШТИМЕ“: Евакуации во стотици училишта и директни закани до Џорџа Мелони
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Најмалку 300 училишта во Италија беа евакуирани денес откако добија иста е-порака со закана за бомба, која вклучуваше и закана до италијанската премиерка Џорџа Мелони. Полицијата во моментов спроведува безбедносни проверки на објектите, изјави италијанскиот министер за образование Џузепе Валдитара.

Тој рече дека бројот на училишта погодени од заканите може да се зголеми, објави „Анса“.

Новата е-прака до училиштата содржи закана: „Ќе ве уништиме“, а е потпишана со името Михаил Андропов.

„Поставивме бомба во моторот на автомобилот на вашата премиерка“, исто така се наведува во е-поштата.

Сличен инцидент се случи во Италија во последните денови, кога слична порака беше испратена на адресите на 280 директори на училишта.

Која е целта на хибридните напади во Европа?

Во Европа, неодамнешните цели на хибридните напади вклучуваат супермаркети, банки за крв, воздушен сообраќај и телевизиски станици.

Заканувачка е-порака стигна до училиштата во Северна Ирска

Голем број училишта во Северна Ирска добија заканувачка е-порака, соопшти Образовниот орган на Северна Ирска, но полицијата верува дека станува збор за неверодостојна закана.

„Пораката има сличности со лажната закана испратена минатиот месец, која полицијата ја прогласи за измама“, се вели во соопштението.

Полицијата соопшти дека спроведува итна истрага и дека комуницира со училиштата во врска со најновиот инцидент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk