Украина ноќеска ја нападнa руската република Дагестан, избија пожари на лучката инфраструктура во Махачкала и во зградата на театарот, соопшти гувернерот на Дагестан, Фјодор Шчукин.
Тој додаде дека пожарите брзо биле изгаснати и дека немало жртви ниту повредени, пренесува „Интерфакс“. Росавијација во текот на ноќта воведе ограничувања на аеродромите во Махачкала, Владикавказ и Грозни поради нападот на украинските дронови, наведува агенцијата.
Руските сили за противвоздушна одбрана (ПВО) пресекоа и уништија 448 украински беспилотни летала од авионски тип во текот на ноќта над повеќе руски региони, Крима, како и над Црното и Каспиското Море, соопшти во четвртокот Министерството за одбрана на Русија.
Според соопштението, дроновите биле соборени во периодот од 20.00 часот на 9 септември до 8.00 часот на 10 септември по московско време.
Беспилотните летала беа соборени над Астраханската, Белгородската, Брјанската, Волгоградската, Воронешката, Калушката, Курската, Орловската, Ростовската и Тулската област, Дагестан, Калмикија, Крим и Краснодарскиот Крај, како и над акваториите на Каспиското и Црното Море.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата